Нема продукти во Кошничката.
Со пристапот до ZShop.mk и нејзиното користење при нарачка на производите, согласни сте дека ги прифаќате условите за користење на нашата интернет продавница. Доколку не се согласувате со Условите и политиките, не ја користете интернет продавницата.
Онпоинт Дигитал ДООЕЛ Скопје ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
Политики и услови во врска со опис, цени и достапност на производите
Цените на сите производи на интернет продавницата ZShop.mk се изразени во денари, со вклучен ДДВ. ZShop.mk го задржува правото за промена на цените во согласност со политиките на компанијата, без известување за корисниците. Корекции на цените нема да бидат извршени доколку нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.
Фотографиите на нашата web страница може да отстапуваат од реалниот изглед на нарачаниот производ. ZShop.mk не може да гарантира дека боите и изгледот на фотографиите ќе одговараат комплетно на реалната ситуација.
Количините на производите се ограничени. Согласно ова, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за фактура и испорака на нарачката. По завршувањето на нарачката, ќе ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, како доказ и потврда на нарачката, заедно со фактура.
Плаќање
Плаќањето мора да се изврши по поднесување на вашата нарачка. Штом плаќањето е извршено од страна на купувачот, се смета дека вие како Купувач и ние како Продавач сме склучиле договор за продажба на далечина, потврдувајќи ги спецификациите и цените на купените производи.
Во текот на купувањето, купувачот ќе треба да ги прифати и со тоа да да изјави дека е запознаен и дека се согласува со Условите за користење.
ZShop.mk го задржува правото да не ја достави нарачката доколку постои сомневање за злоупотреба.
ZShop.mk е ослободен од каква било одговорност за штета што може да се случи при посета на ZShop.mk заради незаконски дејства на трети лица, компјутерски вируси, прекинување на линија за комуникација, неовластен пристап, несоодветно однесување, итн.
Доколку плаќањето на нарачката не е извршено во целост, го задржуваме правото да не ги испорачаме производите.
ZShop.mk за секое извршено онлајн плаќање од страна на корисниците издава фактура. Фискални сметки за онлајн плаќањата не се издаваат според Законот за регистрирање на готовински плаќања, член 2, кој гласи: „Даночните обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги за кој плаќањето не се извршува по банкарски пат (во натамошниот текст: готовински плаќања), должни се да воведат и користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат сметка за извршениот промет, односно услугата (во натамошниот текст: фискална сметка“. Плаќањето на ZShop.mk не е готовинско, туку електронско и се извршува преку банкарски пат.
Достава на нарачките
ZShop.mk и нашите добавувачи ги испорачуваат производите со различни куриски служби. Вашата нарачка ќе биде доставена до адресата која ќе ја наведете како адреса за испорака. Производите се испраќаат од понеделник до петок со претходен аранжман до купувачот. Времето за испорака најчесто е 24 до 72 часа, зависно од планот за испорака на курирските служби. Доставата до помалите населени места и до селата може да има задоцнувања.
Испораката на повеќето производи е бесплатна, а на производите за кои не е бесплатна, цената за испорака е јасно е означена и наведена индивидуално и во тој случај трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цена на производот и нарачката.
При прием на пратката, купувачот е должен да ја провери содржината на пратката. Доколку е утврден дефект или недостаток на производот, ве молиме известете не веднаш, во рок од 24 часа по пристигнувањето на производот. Забелешките и рекламациите по временскиот период од 24 часа, нема да бидат прифатени.
Доколку поради некоја причина производот не може да се испорача во рок од 24-72 часа, купувачот ќе биде информиран за датумот на испорака со известување во описот на производот на самата страница (пред-продажби и слично).
Доколку не сте ја примиле пратката во договореното време, известете нè што е можно поскоро на ZShop.mk
Враќање на производи
Купувачите се должни при прием на пратката да ја проверат содржината на пратката, дали некој производ е оштетен при транспорт и дали некој поризвод недостасува. Доколку е утврден дефект или недостаток на производот, ве молиме известете не веднаш, во рок од 24 часа по пристигнувањето на производот. Забелешките и рекламациите по временскиот период од 24 часа, нема да бидат прифатени.
Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.
Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот. Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен. Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, фабричките етикети, како и фактурата која била издадена на потрошувачот заедно со производот.
Доколку во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот, ZShop.mk нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право да побара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ. Во овој случај, средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која била искористена при плаќањето.
Вие се обврзувате да ги сносите трошоците за испорака на производот до потребната локација за враќање. Поврат на средства за вратени производи се врши по приемот на вратениот производ на назначената локација и по добивање на потврда за прием на вратениот производ. Средствата кои сте ги платиле за вратениот производ ќе ви бидат вратени на вашата трансакциска сметка во рок од 7 работни дена, освен доколку од оправдани причини не се пролонгира рокот.
Доколку во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот, ZShop.mk нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право да побара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ. Во овој случај, средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која била искористена при плаќањето.