Shopping Cart

Нема продукти во Кошничката.

Купи!

Neogen хемиски пилинг ферментирано вино

1,230 ден

NEOGEN подлоги за пилинг со ферментирано вино, за забележливо чиста, мазна и затегната кожа 30 парчиња, 200мл. Иновативни трослојни подлоги за пилинг со две страни кои користат комбинација на хемиски механички пилинг. Ферментираното црвено вино, како главна состојка во која подлогите се натопени е богато со витамини и минерали, содржи над триста хранливи материи кои спречуваат оксидација на слободните радикали и бавно стареење на кожата, додека ресвератролот од црвено вино како моќен антиоксиданс го стимулира растот на здравите клетки на кожата и ја одржува здрава. Ги отстрануваат мртвите клетки од кожата и нечистотиите од лицето, ефикасно ја чисти кожата, ја подобрувате еластичноста, ја подобрувате целокупната текстура на кожата, правејќи ја совршено мека и мазна, ги смирува и стеснува проширените пори воспоставувајќи природна рамнотежа на маснотиите и контрола на лачењето на себум во порите и подобрување на целокупниот изглед на кожата што го прави сјаен, блескав, рамномерен и здрав.

Упатство за употреба: Темелно исчистете го лицето. Извадете ја подлогата за пилинг од кутијата и вметнете ги прстите во отворот на подлогата. Свртете ја подлогата за пилинг, така што страната со газата е свртена нагоре. Избришете го лицето и вратот со кружни движења, избегнувајќи ја областа околу очите. Со посебна внимателност, избришете ги местата на лицето со натрупани мртви клетки (области кои се луштат), како и области каде се формираат црни точки (агли на носот и брадата). Свртете ја подлогата за пилинг така што меката, пократка страна од подлогата да биде свртена нагоре. Повторно избришете го лицето, избегнувајќи го пределот околу очите, а потоа нежно, лесно потапкајте го
лицето за да ги соберете останатите нечистотии и да ја подобрите текстурата на кожата. Исплакнете го лицето со млака вода. Влошките се наменети само за една употреба. Користете двапати неделно или почесто колку што е потребно.

Предупредувања: Само за надворешна употреба. Избегнувајте контакт со очите. Престанете да го користите производот ако се појават знаци на осип или иритација. Се чува вон дофат на деца. Затворете добро по употреба.